Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Тим Кејхил ќе се прости од репрезентацијата на Австралија во ноември

Австралискиот фудбалер ќе го одигра 108-миот и последен натпревар во националниот дрес

Репрезентативецот на Австралија, Тим Кехјил одлучи да ја заврши репрезентативната кариера. На 20-ти ноември Кејхил ќе го одигра последниот меч за Австралија, против селекцијата на Либан.

Пријателската пресметка ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Сиднеј, а воедно ќе биде 108-ми меч и последен настап на Кејхил во дресот на „кенгурите“. Триесет и осумгодишниот фудбалер се смета за легенда на австралискиот фудбал, откако стана првиот Австралиец кој настапил на четири Светски првенства, додека брои точно 50 погодоци во националниот дрес.

Иако одлучи да стави крај на репрезентативанта кариера, Кејхил и натаму планира да игра на клупско ниво, бидејќи моментално настапува за индискиот клуб Џамшедпур.

Најнови вести