Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2018

Светските прваци ги „собраа“ лалињата

Франција го доби дербито на колото од насјилната А Дивизија во Лигата на Нации со победа од 2:1 против Холандија

Актуелните светски прваци, селекцијата на Франција им се в рати на победите, а вечерва на домашен терен со 2:1 беше надиграна селекцијата на Холандија. Во меч од најсилната А Дивизија во Лигата на Нации, „триколорите“ славеа прва победа со головите на Мбапе и на Жиру. 
Еден од најбрзите играчи на светото, Килијан Мбапе погоди во 14. минута, потоа Холандија израмни со погодокот на Рајан Бабел во 67. минута, а мечот во корист на светските шампиони го одлучи Оливие Жиру осум минути подоцна.
Франција сега има 4 бода од два меча, Германија е со еден бод од еден натпревар, а Холандија е без бодови по денешниот пораз.
Во меч од Ц Лигата Кипар ја победи Словенија со 2:1, а во Д Сегментот во нашата група Лихтенштајн со 2:0 го надигра Гибралтар.

 

Најнови вести