Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2012

Маме Бирам Диуф во Хановер

Сенегалскиот напаѓач Маме Бирам Диуф премина од Манчестер јунајтед во германскиот Хановер и потпиша договор на две години.

„Мило ми е што Диуф го засили нашиот напад. Мораме да се фокусираме за да го адаптираме што побрзо“, рече Мирко Сломка, тренерот на Хановер.
Сенегалецот во Јунајтед премина пред три години за 4,5 милиони евра од норвешкиот Молде, а германските медиуми шпекулираат дека Манчестер како оштета добил 1,8 милиони евра.
Диуф за Јунајтед одигра девет натпревари и постигна еден гол. Минатата сезона ја помина на заем во Блекбурн.

Најнови вести