Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2012

Браун два месеци надвор од терените

Вес Браун, централниот дефанзивен играч на Сандерленд, ги повреди вкрстените лигаменти на коленото во неделниот натпревар во склоп на ФА купот против Мидлсборо.

Менаџерот Мартин О’Нил стравува дека се работи за повреда која ќе го оддалечи поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед на подолг период, дури оди дотаму дека можеби за него сезоната е завршена.

„Мислам дека тој нема потреба да оди на операција, но за тоа ќе дознаеме откако ќе помине две седмици под надзор на нашиот медицински тим. Доколку сè биде во ред, тој ќе паузира најмногу два месеци, во спротивно го загубивме до крајот на сезоната“, рече стратегот.

Добра вест за Сандерленд е тоа што Ли Катермол, дефанзивниот играч за врска, се чувствува многу подобро, тренира заедно со своите соиграчи и големи се шансите тој да настапи овој викенд против Стоук на гости.

Најнови вести