Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2011

Унгарецот Касаи ќе го суди финалето

Унгарскиот судија Виктор Касаи ќе биде главниот судија на големото финале меѓу Барселона и Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите кое ќе се игра во сабота на „Вембли“.

Триесет и петгодишниот судија има судено на повеќе од 60 натпревари во организација на УЕФА во неговата кариера, а на Манчестер јунајтед сезонава му судеше еднаш, во натпреварот против Валенсија, кој „црвените ѓаволи“ го добија со 1-0, а во него додели само еден жолт картон.

Тој, исто така, се најде и на центарот кога Шпанија, предводена од играчите на Барселона, Пике, Пујол, Вилја, Чави, Педро и Иниеста, ја совладаа Германија во Дурбан со 1-0, за да го достигнат финалето.

Сите судии, т.е. неговите помошници, ќе бидат од Унгарија, и тоа Габор Ерош и Ѓорѓи Ринг, а како четврт судија ќе биде Иштван Вад.

Два додатни помошни судии ќе бидат Михали Фабијан и Тамаш Богнар, како и Робер Киспал, кој ќе биде резерва.

Најнови вести