Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2012

Тевес на списокот на фудбалери за наредниот натпревар

Аргентинскиот напаѓач Карлос Тевес, тренира и се подготвува повторно да заигра за Манчестер сити.

Англиските медиуми најавуваат дека тој би можел да биде во првиот тим наредната недела против Болтон, но не ја исклучуваат можноста да заигра и овој викенд на домашен терен против Блекбурн.
Тевес нема играно за „граѓаните“ уште од септември минатата година, кога одби да влезе во игра за натпреварот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.
Аргентинецот откако им се извини за своите постапки на Роберто Манчини, како и на навивачите, се надева дека ќе добие шанса да му помогне на својот тим да дојде до титулата во англиската Премиер лига, кој во моментот има два бода предност пред градскиот ривал Манчестер јунајтед.

Најнови вести