Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2012

Панучи се договори со Палермо?

Кристијан Панучи, поранешниот италијански репрезентативец, а денес еден од стручните коментатори, е пред договор да седне на жешката клупа на сицилијанскиот клуб.

„Имам сè договорено со Палермо. Недостасува уште да ставам потпис на договорот и можеби ќе станам новиот тренер“, рече триесет и осумгодишниот Панучи, кој цели дваесет години имаше успешна играчка кариера.
Палермо во моментов се наоѓа на десеттата позиција на табелата во Серија А, но интересен е податокот дека тоа е единствениот тим во Италија кој сезонава сè уште нема победа кога игра на гости. Ситуацијата во клубот не е на задоволително ниво, па затоа и се очекуваат промени на крајот од сезоната.
„Да, од ова лето би можело да се случи тоа, а кој знае, можеби и ќе добијам некоја друга улога во клубот“, изјави дефанзивниот играч, кој во пензија замина 2010 година, а досега никогаш не вршел никаква тренерска работа.

Најнови вести