Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2012

Панучи именуван за технички директор на Палермо

Кристијан Панучи, 38-годишниот поранешен италијански репрезентативец, е именуван за технички директор на италијанскиот прволигаш Палермо.

Панучи играчката кариера ја заврши во 2010 година во Парма. Играше за големи клубови во кариерата, како што се Милан, Реал Мадрид или Рома, кратко и на заем во Челзи, а за италијанската репрезентација имаше 57 настапи и четири погодоци.
Досега Панучи беше еден од стручните коментатори на „Скај спортс“ во Италија. Откри дека минатата седмица стапил во контакт со Маурицио Цампарини, претседателот на Палермо. Се шпекулираше дека би можело да стане и тренер на сицилијанскиот клуб, кој е десетти во Серија А и нема ниту една победа во последните четири натпревари, но поставен е за технички директор на клубот.
„Палермо ми ја понуди оваа прекрасна шанса. Не морав два пати да размислувам. Време е да се вратам во фудбалот во активна функција“, рече Панучи.

Најнови вести