Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2012

Нани нема да игра ниту против Блекбурн

Алекс Фергусон, менаџерот на Манчестер јунајтед, потврди дека крилниот напаѓач Нани нема да биде во составот кој ќе патува на гостувањето кај Блекбурн во триесет и првото коло од Премиер лигата.

Португалскиот репрезентативец пропушти четири првенствени натпревари по ред поради повреда, но се врати на тренинзите, а Стариот лисец не сака да ризикува со него.
„Тој нема да биде во составот за овој натпревар бидејќи сметам дека неговата повреда не е целосно залечена и дека ќе ни биде потребен фит за завршницата на шампионатот“, рече Фергусон.
Добра вест за „црвените ѓаволи“ е дека повредата на Рио Фердинанд на натпреварот со Фулам не е сериозна и дека тој ќе биде во првите единаесетмина за мечот со Блекбурн.

Најнови вести