Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2012

Фабио да Силва следната сезона во Бенфика

Доколку преговорите меѓу Бенфика и Манчестер јунајтед бидат успешно завршени, младиот бразилски фудбалер Фабио да Силва следната сезона би требало да ја помине на заем во португалскиот клуб“, потврди неговиот агент Касијано Переира.

Дваесет и едногодишниот Фабио да Силва и неговиот брат близнак Рафаел му се приклучија на Манчестер јунајтед во 2008 година, но засега, за разлика од својот брат, Фабио не успеа да се избори за место во екипата на Алекс Фергусон. Шкотскиот менаџер поради тоа најави дека следната сезона ќе го испрати на заем за да се стекне со неопходното искуство.
Се верува дека Да Силва во Бенфика би требало да премине во склоп на трансферот на Николас Гајтан во редовите на англискиот клуб, за што се преговара во последно време.
„Постои голема можност Фабио да премине во Бенфика. Алекс Фергусон разговараше со мене и со Фабио за тоа и во следните два или три дена би требало да знаеме на што сме“, рече Переира за португалскиот „О Жого“.

Најнови вести