08.6.2011 Луис Енрике прифати да ја води Рома
Според „Ла газета дело спорт“, досегашниот тренер на екипата на Барселона Б, 41-годишниот Шпанец Луис Енрике, се договори со Рома за преземање на нејзината екипа.
Од 2008 година
Енрике беше тренер на втората екипа на Барселона, а со неа оваа сезона во
втората лига оствари одличен резултат – трето место. Имаше и блиска соработка
со тренерот на првата екипа на Барселона, Пеп Гвардиола.
Според истиот
медиум, Енрике, некогашен успешен фудбалер, ја прифати понудата на Рома за
двегодишен договор, кој ќе му гарантира милион и пол евра заработка по сезона и
плус бонуси, со можност за продолжување и трета сезона.
Но сè уште
официјално не може да се потпише договорот, бидејќи клубот е во процес на
менување на сопственикот, па треба да се кој ќе го потпише договорот со новиот тренер.
Луис Енрике, кој
за шпанската репрезентација постигна 12 голови на 62 настапи, има играно само
за три клуба во кариерата – Спортинг од Хихон, Реал Мадрид и Барселона, во која
во 2004 година ја заврши играчката кариера. Во истиот клуб се врати четири
години подоцна, кога стана тренер на екипата на Барселона Б.