Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2012

Липи тренер на Гуангжу

Марчело Липи дефинитивно е нов тренер на кинескиот шампион Гуангжу.

Липи на клупата на богатиот кинески клуб го наследи јужнокорејскиот стратег Ли Јанг-Су.
„Погледав неколку натпревари на Гуангжу. Им ги запаметив броевите на играчите, а наскоро ќе ги научам и нивните имиња. Од денеска почнувам со својата тренерска мисија, сакам во Кина да донесам модерен италијански фудбал“, рече Липи.
На трофејниот стратег помошник ќе му биде Наркисио Пецоти, а Липи го пофали својот претходник со кого Гуангжу стана шампион на Кина и успешно се претстави во азиската Лига на шампиони.
Липи пред шест години ја предводеше Италија до титулата светски шампион, а од Мундијалот во 2010 година, кога „аѕурите“ не успеаја да ја минат првата рунда во натпреварувањето, тој немал тренерски ангажман.

Најнови вести