Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2012

Руни ќе ја пропушти Норвешка поради полесна повреда

Полесната повреда на прстот на ногата ќе го одвои Вејн Руни, фудбалерот на Манчестер јунајтед и еден од главните играчи на англиската репрезентација, од пријателскиот натпревар со Норвешка.

Почнаа подготовките за претстојното Европско првенство во Полска и Украина, а набрзо ќе се почне и со одигрување на пријателските натпревари пред турнирот. На 26-ти мај Англија во Осло ќе одигра средба против Норвешка, а во неа нема да настапи Руни.
„Има полесна повреда на прстот на ногата и нема потреба за форсирање. Дали ќе игра на следниот натпревар, против Белгија, сè уште не знам. Важно е дека не се работи за сериозна повреда“, рече од неодамна промовираниот англиски селектор Рој Хоџсон.
Руни на репрезентацијата ќе ѝ се приклучи три дена по натпреварот со Норвешка, а поради казна Англија ќе мора два, од три, натпревари во групата да одигра без стрелецот на Јунајтед.

Најнови вести