Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2012

Чикаго го сака Инзаги за играч и тренер

Филипо Инзаги, поранешниот напаѓач на Милан и на репрезентацијата на Италија, доби понуда од Чикаго да дојде во клубот за годишна плата од два милиони долари, пренесоа италијанските медиуми.

Како што се наведува, 38-годишниот Инзаги покрај играњето за првиот тим, би работел и како тренер на младинската екипа.
Инзаги неодамна ја напушти екипата на Милан по десет години поминати во клубот.
Тогаш на прес-конференцијата кажа дека не знае каде и дали ќе ја продолжи кариерата.
Италијанските медиуми пренесоа дека Инзаги има понуди од бразилскиот Васко де Гама и американскиот Лос Анџелес галакси.

Најнови вести