Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2012

Ола Џон од Твенте премина во Бенфика

Младиот холандски репрезентативец Ола Џон потпиша договор со Бенфика.

Дваесетгодишниот крилен напаѓач е еден од најталентираните холандски фудбалери што го препознаа скаутите на Бенфика и веднаш почнаа да работат на тоа да го засилат својот клуб.
Бенфика за услугите на овој фудбалер мораше на Твенте да му исплати девет милиони евра, а фудбалерот потпиша петгодишен договор.
Португалските медиуми шпекулираат дека купувањето на Ола Џон, всушност, е бараната замена за Николас Гајтан, кој, наводно, договорил трансфер во Манчестер јунајтед.

Најнови вести