Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2012

Поднесена тужба против Налбандијан

Аргентинскиот тенисер Давид Налбандијан се наоѓа под полициска истрага поради насилничко однесување.

Неименувано лице поднело тужба против него за напад на линискиот судија на финалниот меч на турнирот во Квинс.
Лондонската полиција не соопшти кој поднел тужба, а англиските медиуми пренесоа дека тоа би можело да го направи кој било од гледачите коишто во живо го гледаа мечот или го следеа телевизискиот пренос, како и судијата лично.
Налбандијан вчера, нервозен поради неколку изгубени поени во мечот со Хрватот Марин Чилиќ, ја клоцна дрвената реклама што се наоѓаше пред судијата со што на арбитерот му ја расече ногата.
Крис Кермод, директорот на турнирот во Квинс, рече дека судијата добил прва помош на теренот и дека по лекарскиот преглед не му било потребно понатамошно лекување.

Најнови вести