Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2012

Сампдорија го доведе Макси Лопес

Аргентинскиот напаѓач Макси Лопес ја продолжува серијата заеми по Апенинскиот Полуостров и наредната година ќе игра во Сампдорија.

Екипата од Џенова, повратникот во Серија А, за овој заем на Катанија ѝ плати 2,5 милиони евра. Клубовите се договорија на крајот на сезоната Сампдорија да може да го откупи договорот на Лопес за шест милиони евра.
„Среќен сум што дојдов во овој град. Челниците на Сампдорија имаат амбициозен проект. Беа многу упорни во намерата да ме ангажираат, и тоа ми беше многу важно“, рече Лопес по доаѓањето во новиот клуб.
Аргентинецот вториот дел од минатата сезона го помина на заем во Милан, за кого постигна два гола на десет натпревари.
Лопес во Катанија дојде во јануари 2010 година, а досега за клубот од Сицилија одигра 69 натпревари и постигна 25 погодоци.

Најнови вести