Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2012

Фламенго повторно му дава шанса на Адријано

Бразилскиот фудбалер Адријано целосно закрепна по операцијата на Ахиловата тетива и може да потпише договор со Фламенго, соопштија лекарите.

Адријано ги помина медицинските прегледи и денес ќе почне да тренира со најпопуларниот клуб во Бразил, а се очекува наскоро да потпише договор.
Овој 30-годишен напаѓач нема играно околу шест месеци бидејќи доби отказ во Коринтијанс. Адријано беше член на репрезентацијата на Бразил на Светското првенство 2006 година, а четири години подоцна не беше повикан во националниот тим.
Во текот на кариерата, која ја обележаа недисциплина и неверојатни голови, настапуваше за Интер, па беше позајмен во Фиорентина, Парма, и Сао Пауло на заем, потоа за Фламенго, Рома и Коринтијанс.

Најнови вести