Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2012

Бразилскиот прволигаш Бахија смени веќе трет тренер во една сезона

Луис Карлос Сароли, познат како Кајо Жуниор, стана трет тренер оваа сезона кој ја напушти клупата на бразилскиот фудбалски прволигаш Бахија, и тоа само по еден месец.

Пред 47-годишниот Сароли тоа го направија Жоел Сантана, поранешниот селектор на Јужноафриканската Република, и Пауло Роберто Фалкао, поранешен играч и селектор на Бразил.
Своето рано заминување Сароли објасни дека е поради исклучиво семејни причини. Од почетокот на годината ова му е веќе трет клуб што го смени. Во февруари го напушти Гремио, додека во мај доби отказ во Ал Џазира од Абу Даби.
Откако почна сезоната во бразилското првенство во февруари, ова е дваесетта различна тренерска промена.
Во моментот на неговото заминување од клупата, Бахија го држи 16-тото место на првенствената табела, веднаш над зоната за испаѓање.