Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2012

Фергусон: Болт ќе игра за Манчестер против Реал

Алекс Фергусон, менаџерот на Манчестер јунајтед, одлучи на најбрзиот човек на планетата, Јусејн Болт, да му ја исполни желбата да заигра за славниот клуб од „Олд Трафорд“.

Болт ќе добие шанса на хуманитарниот натпревар меѓу Реал и Јунајтед, кој се организира секоја година со учество на легендите на двата клуба.
„Болт е голем навивач на Јунајтед. Интересно е што сака да игра натпревар од хуманитарен карактер. Одлична шанса да видиме како се снаоѓа и што знае е следната година кога ќе играме против легендите на Реал“, рече Фергусон.
Болт не крие дека е голем фан на Јунајтед. Во текот на Олимписките игри во Лондон порача дека би сакал да заигра во дресот на „црвените ѓаволи“, а неодамна присуствуваше на мечот против Фулам, кога од клубот доби дрес со број 9,63, што го претставува неговото време во трката на 100 метри во Лондон.

Најнови вести