Корисничко име Лозинка Пријави се
05.10.2012

Пато почна да тренира со полн интензитет

Пред градското дерби во седмото коло од Серија А меѓу Милан и Интер, добри вести стигнаа од таборот на „нероаѕурите“. На тренинзите се врати бразилскиот интернационалец Алешандре Пато.

Сезонава Пато уште нема настап за Милан затоа што досега ја лечеше незгодната повреда на адукторот. Но, веќе е на патот на враќање во полн натпреварувачки ритам откако вчера без проблеми го одработи целиот тренинг.
Пато целата мината сезона имаше големи проблеми со повредите заради што настапи само на 11 натпревари во Серија А.
Дали ќе заигра во градското дерби и понатаму е неизвесно, но италијанските медиуми веруваат дека тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, ќе му даде можност да одигра неколку минути за да го врати постепено во натпреварувачка форма.

Најнови вести