Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2012

Анжи блиску до договор со Гајтан?

Според зборовите на Роберто Карлос, спортскиот директор на Анжи од Махачкала, клубот е многу блиску до потпишување на договор со Николас Гајтан, фудбалерот на Бенфика.

Дваесет и четиригодишниот Гајтан се смета за еден од најдобрите крилни играчи на Европа и долго време е поврзуван со преминување во Манчестер јунајтед.
Сепак, Роберто Карлос изјави дека клубот од Махачкала е чекор поблиску за доведување на Аргентинецот.
„Имаше разговори во текот на летото, меѓутоа, бидејќи се појавија и други агенти, се откажавме од понатамошните преговори. Сега мислам дека ќе најдеме најдобро решение за сите страни“, рече Карлос.
Гајтан забележа шест настапи за репрезентацијата на Аргентина.

Најнови вести