Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2012

Пато во немилост на навивачите на Милан

Навивачите на Милан, пбесни поради домашниот пораз од Фиорентина (3-2), во неделата го обиколија автомобилот на Бразилецот Алешандре Пато и му се закануваа, пренесоа италијанските новински агенции.

Пато неодамна се врати во првиот тим на Милан по паузата поради повреда и првиот гол го постигна во ремито со Малага (1-1) во Лигата на шампионите минатиот вторник.
Сепак, поради утнатиот пенал против Фиорентина падна во немилост на навивачите, коишто неговото промашување го оценија како клучно за поразот.
Како што пренесува „Кориере дело спорт“, група бесни навивачи на Милан чекале Пато да го напушти стадионот и потоа тропале по кровот на неговиот автомобил и вербално му се заканувале.
Масимилијано Алегри, тренерот на Милан, изјави дека не знае како би завршил мечот ако Пато случајно постигнеше гол од пеналот.
„Многу сум разочаран бидејќи имавме шанса да скокнеме на шестото место на табелата“, рече Алегри.

Најнови вести