Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2012

Хулк направи драма по замената

Бразилецот целосно побесна кога Италијанецот го извади од игра и по натпреварот истакна дека наскоро би можело да го напушти клубот ако тренерот продолжи така да го третира.

Хулк дојде како најскап играч во историјата на Русија и еден од најскапите на сите времиња на светот. Но откако премина од Порто во Зенит за 55 милиони евра, рускиот клуб знае само за проблеми. Резултатите се сè полоши, Хулк предизвика и судир во соблекувалната и побуна на руските фудбалери, а синоќа направи и скандал на натпреварот со Милан.
Лучијано Спалети, тренерот на Зенит, го извади Хулк од игра во 80-тата минута, поради што Бразилецот целосно побесна! Налутено помина покрај Спалети и тогаш почна расправија на клупата.
По средбата, Хулк се извини, но најави и можно заминување од Зенит во јануари следната година.
„Реагирав набрзина и бев со вжештена глава. Згрешив и жал ми е за таа епизода со Спалети. Мене и на моето семејство ни е многу убаво во Зенит и Санкт Петербург. Но, доколку наскоро нешто не се промени во мојот третман од Спалети, не ја исклучувам можноста да го напуштам клубот во јануари“, рече нервозниот Хулк по натпреварот.
 Сепак, тешко е да се верува дека Зенит ќе му ја исполни желбата и ќе го продаде кога веќе плати 55 милиони евра. Многу е поверојатно Спалети да го напушти клубот, кој оваа сезона веќе имаше судири со неколку играчи, како Кержаков, Денисов, Малафеев, Бистров...
„Ништо страшно. Големите ѕвезди секогаш бурно реагираат кога ќе ги замени тренерот. По натпреварот добив СМС-порака од претседателот на „Гаспром“, Алексеј Милер. Ми рече дека правилно постапив што го извадив Хулк“, изјави Спалети по натпреварот.


Најнови вести