Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2013

Македа од Манчестер јунајтед позајмен на Штутгарт

Федерико Македа, дваесет и едногодишниот напаѓач на Манчестер јунајтед, до крајот на сезоната ќе игра како позајмен фудбалер во германскиот бундеслигаш Штутгарт.

Македа во Манчестер дојде во 2007 година, а првиот професионален договор го потпиша една година подоцна. Стана познат на пошироката јавност во април 2009 година кога како замена го постигна победничкиот гол против Астон вила во судиското продолжение кој беше многу важен во походот за освојување на титулата таа година.
Меѓутоа, по тоа не доби вистинска прилика, а ова му е трето позајмица, откако играше за Сампдорија и за Квинс парк ренџерс, а по враќањето на „Олд Трафорд“ играше за младинскиот тим.
„Сакавме да донесеме напаѓач и драго ми е што дојде Македа, млад напаѓач гладен за докажување и кој ни одговара со својот профил. Доаѓа од врвен клуб во кој покажа што и колку може. Се надеваме дека веднаш ќе се вклопи во нашиот состав“, изјави Фреди Бобич, спортскиот директор на Штутгарт.

Најнови вести