Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2013

Балотели ќе носи дрес со број девет, утре ќе дебитира

Марио Балотели, новиот фудбалер на Милан, за „росонерите“ ќе го носи дресот со бројот девет, а за седумкратниот шампион на Европа најверојатно ќе дебитира утре.

Досегашниот клуб на Балотели, Манчестер сити, ја прифати понудата на Милан од 20 милиони фунти за негов трансфер, па контроверзниот италијански репрезентативец ќе игра во нападот на Милан на местото од Бразилецот Алешандре Пато, кој премина во Коринтијанс.
Медиумите тврдат дека Балотели, кој е еден од најдобрите светски напаѓачи, откако денес ќе ги изврши лекарските прегледи, за Милан ќе дебитира утре, на пријателскиот натпревар против нисколигашкиот тим Дарфо Боарио.
Официјалното претставување на Балотели, кој со Милан ќе потпише договор на четири и пол години, со годишна заработка од околу четири милиони евра, е предвидено за во петок.
Пред да премине во Сити во 2010 година, талентираниот 22-годишен Балотели четири сезони помина во редовите на Интер.

Најнови вести