Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2013

Чаби Алонсо ќе игра и покрај повредата

Чаби Алонсо, дефанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, вечерва ќе игра против Манчестер јунајтед, во првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите, и покрај тоа што и понатаму го мачи повредата на препоните.

Алонсо минатата седмица не играше за шпанската репрезентација во пријателскиот натпревар против Уругвај, а ја пропушти и саботната првенствена средба против Севилја.
Во понеделникот поради болки не успеа да го заврши тренингот, но во Реал се свесни дека неговиот настап против Јунајтед е круцијален.
Поради тоа последниве денови лекарите посветија многу грижа кон Алонсо бидејќи знаеја дека секоја физичка работа може да предизвика воспаление во областа на препоните. Иако 31-годишниот фудбалер и понатаму чувствува болка, вечерва ќе стисне заби бидејќи тренерот Жозе Мурињо го смета за најважен играч во задната линија на редот за врска.
Освен тоа, Алонсо со години играше за Ливерпул во Премиер лигата и добро знае како да ѝ се спротивстави на екипата на Алекс Фергусон.

Најнови вести