Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2013

Гигс постигна погодок во својот 999-ти натпревар во професионалната кариера

Манчестер јунајтед во саботата, во натпреварот од 27-то коло на првата англиска лига, славеше на гостувањето кај Квинс парк ренџерс со 2-0, а вториот погодок го постигна неуништливиот Рајан Гигс.

Триесет и деветгодишниот Велшанец ги одигра сите деведесет минути од натпреварот, кој воедно му беше 999-ти во професионалната кариера. Гигс десет минути пред крајот на натпреварот ја искористи асистенцијата на Нани и го постигна вториот погодок во сезоната за конечен резултат 2-0.
„Тој е неверојатен! Тој едноставно продолжува и продолжува да постигнува и да придонесува за нашите победи. Навистина е одличен“, изјави по натпреварот менаџерот на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон.
Наредниот викенд, во средбата против Норвич, Гигс може да го има својот јубилеен 1000-ти настап во својата извонредна кариера.

Најнови вести