Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2013

Чаби Алонсо и Бензема тренираа со првата екипа

По тешката гостинска победа од 2-1 против Ла Коруња во 25-тото коло на Примера лигата, фудбалерите на Реал Мадрид се свртуваат кон десетте најважни денови од сезоната.

Утре гостуваат кај Барселона во реванш-натпреварот од Кралскиот куп (првиот натпревар 1-1), викендот ја дочекуваат Барселона во 26-тото првенствено коло на Примера лигата, а потоа заминуваат на „Олд Трафорд“, на возвратната средба од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед (првиот натпревар 1-1).
Добри вести за тренерот Жозе Мурињо пред трите претстојни средби се враќањето на Чаби Алонсо и на Карим Бензема по закрепнувањето од повреда. Тие вчера утрото тренираа со остатокот на првата екипа, која работеше во три одделни групи.

Најнови вести