Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2013

Лукас: Ибрахимовиќ е комплицирана личност, многу нè навредува

Лукас Родригес Мура да Силва, талентираниот 20-годишен бразилски напаѓач, кој во јануари оваа година дојде во ПСЖ од Сао Пауло, рече дека понекогаш е многу тешко да се соработува со Златан Ибрахимовиќ.

Не многу долго по доаѓањето во парискиот клуб, Лукас Мура истакна дека Златан Ибрахимовиќ многу му помагал во прилагодувањето на новиот клуб. Меѓутоа, со тек на време ја запозна и другата страна на шведската ѕвезда.
„Златан е многу моќен играч, но тоа го знаевме и од порано. Тој е комплицирана личност. Секогаш ја бара топката и многу нè навредува. Во едно можете да бидете сигурни. Кога тој ќе викне, секогаш можете да разберете што сака, без оглед на кој јазик е зборот“, изјави Бразилецот за „Фокс спортс радио“.
Од доаѓањето во ПСЖ, Лукас Мура одигра 8 првенствени натпревари и постигна пет голови.

Најнови вести