Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2013

Клозе се врати на тренинзите

Мирослав Клозе, 34-годишниот германски напаѓач, по седум седмици од повредата на коленото, се врати во својот клуб Лацио.

За „Кориере дело спорт“ Клозе изјави дека очекува да се врати во натпреварувачки ритам на 30-ти март, во средбата од Серија А против Катанија.
Моментно германскиот ветеран сè уште минува низ третманот на рехабилитација, но неговиот напредок е добар и се очекува дека клупските лекари ќе дадат зелено светло.
Последен пат стрелецот на десет првенствени погодоци оваа сезона настапи на почетокот на февруари против Џенова. Неговото отсуство многу се почувствува, Лацио забележа три последователни порази во Серија А, а четири во последните пет средби, па римските фудбалери паднаа на шестото место на лигашката табела.

Најнови вести