Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2013

Роберто Мартинес нов менаџер на Евертон

Шпанскиот фудбалски стручњак Роберто Мартинес е новиот менаџер на англискиот премиерлигаш Евертон, потврди клубот од Ливерпул.

„Фудбалскиот клуб Евертон со голема радост може да потврди дека Роберто Мартинес е новиот тренер на екипата. Шпанскиот менаџер доаѓа од Виган и потпиша четиригодишен договор. Мартинес официјално им беше претставен на медиумите како 14-ти постојан менаџер на клубот вчера попладне“ стои на официјалната интернет-страница на Евертон.
Конференцијата за новинарите се одржа вчера попладне, а се верува дека Евертон на Виган му исплатил 1,5 милиони евра оштета за Мартинес.
Мартинес на клупата на Евертон ќе го наследи Дејвид Мојс, кој веќе ја почна работата на своето ново работно место – во Манчестер јунајтед.
„Големи се целите што морам да ги исполнам, бидејќи она што го направи Дејвид Мојс за клубот е неверојатно. Ќе биде многу тешко да се дојде блиску до она што го постигна тој, но возбуден сум поради предизвикот и можеме да градиме на она што го направи тој“, изјави 39-годишниот шпански фудбалски стручњак и неодамнешен тренер на Виган.

Најнови вести