Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2013

Хонда со помала плата за трансфер во Милан

Кеисуке Хонда, 27-годишниот јапонски фудбалер, се согласи на намалување на сопствената плата за да го реализира својот трансфер во редовите на италијанскиот клуб Милан.

Актуелниот фудбалер на ЦСКА Москва со рускиот клуб има договор до декември оваа година, но Милан не сака да чека дотогаш, кога би го добил бесплатно, туку до крајот на летниот преоден рок го сака во своите редови. ЦСКА не сакаше да ја намали откупната цена од пет милиони евра на три, па Јапонецот одлучи да му излезе во пресрет на Милан намалувајќи ја својата плата од 2,5 на 1,8 милиони евра годишно за да може италијанскиот клуб да ги има потребните пет милиони за трансфер.
Хонда денес би требало да се сретне со претставниците на Милан и да ги договори условите за соработка, по што ЦСКА само би требало да ја даде својата согласност.
Хонда е член на СЦКА од 2010 година, а оттогаш настапи во 79 натпревари и постигна 20 погодоци и 17 асистенции.

Најнови вести