Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2013

Едисон Кавани отпадна за пријателската помеѓу Уругвај и Јапонија

Фудбалската репрезентација на Уругвај ќе биде значајно ослабена следната среда кога во рамките на пријателските натпревари ќе гостува во Јапонија.

„Едисон Кавани отпадна за пријателскиот натпревар против Јапонија поради болки од карлицата“, кратко стои во соопштението за медиумите кое го објави Уругвајскиот фудбалски сојуз.
Кавани во петокот дебитираше за својот нов тим, француски ПСЖ, на гостувањето кај Монтпеје во рамките на првото коло од шампионатот Уругваецот во игра влезе во 72. минута и до крајот на натпреварот се повреди.
Така барем покажале клупските прегледи, по што од тимот ги контактирале Уругвајците и ги известиле за состојбата на напаѓачот. Засега не е познато дали Кавани ќе биде подготвен за натпреварот против Ажаксио следната недела.

Најнови вести