Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2013

Играч на Сент Гален со косовски пасош задржан на руската граница

Кристијан Нуши, играч на швајцарскиот прволигаш Сент Гален, кој има косовски пасош, задржан е на руската граница бидејќи не добил руска виза, пренесуваат швајцарските медиуми.

Граничната полиција на Русија не му дозволила на Нуши да влезе во државата бидејќи со себе имал косовски пасош, па поради тоа тој нема да биде во можност да им помогне на своите соиграчи во реванш-натпреварот од баражот за Лигата на Европа против Спартак од Москва.
Челниците на Сент Гален на сите начини се обиделе да ги убедат Русите Нуши да влезе во земјата, но не успеале во тоа.
Реванш-натпреварот од баражот за Лигата на Европа меѓу Спартак од Москва и Сент Гален ќе се игра утре од 17 часот.
Овој 31-годишен фудбалер од средината на теренот роден е во Косово, а пред 14 години се преселил од Приштина во Швајцарија. Русија не ја признала независноста на Косово.

Најнови вести