Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2013

Лига на Европа: 48 тимови – еден трофеј

Натпреварувањето во групната фаза на Лигата на Европа почнува вечерва, а англискиот второлигаш Виган за прв пат во клупската историја ќе игра во еден европски куп.

Виган пред четири месеци го освои ФА купот, со победата од 1-0 против Манчестер сити, и со тоа го освои првиот голем трофеј во својата историја, но и се стекна со право за учество во Лигата на Европа иако три дена подоцна испадна во Шампионат лигата. На крајот на сезоната екипата ја напушти тренерот Роберто Мартинес, кој отиде во Евертон, а нов тренер стана Овен Којл.
Виган е единствениот клуб во групната фаза на Лигата на Европа кој никогаш не играл во европските натпреварувања, а ќе игра во групата Д со Рубин Казањ, белгискиот Цулте Варегем и Марибор.
Во групата Б се наоѓаат украинскиот Черноморец,бугарскиот Лудогорец, ПСВ Ајндховен и Динамо Загреб.
Во групата А се наоѓа Валенсија, која натпреварувањето ќе го отвори против велшкиот Свонси, и се надева дека ќе ја прекине лошата серија од стартот на Примера лигата.
Лион патува на тешко гостување во Андалузија, кај екипата на Бетис, додека Риека, која на патот до групната фаза го елиминира Штутгарт, во Португалија ќе игра против Гимараис.
Во Лигата на Европа се натпреваруваат 48 клубови поделени во 12 групи.
Првите две екипи од секоја група, заедно со осумте третопласирани тимови од групната фаза на Лигата на шампионите, ќе играат во шеснаесетфиналето, кога почнува нокаут-фазата.
Финалето ќе се одигра на 14-ти мај 2014 година на стадионот на Јувентус во Торино.

Најнови вести