Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2013

Косановиќ ја презеде Олимпија

Милорад Косановиќ е нов тренер на Олимпија од Љубљана, клубот кој во конкуренција од десет словенечки прволигаши моментно се наоѓа на седмото место.

Соработката е договорена до крајот на сезоната, а официјалното претставување на српскиот стручњак е закажано за денес во 12 часот.
Милорад Косановиќ (62) во тренерската кариера работеше во Војводина, каде што беше и спортски директор во шампионската сезона 1988/89. Двапати го предводеше тимот на Црвена ѕвезда (1997/98 и 2007). Беше селектор на репрезентацијата на Малта и на младата репрезентација на Србија и Црна Гора.
Најголемите успеси ги постигна во кинескиот фудбал, каде што со Далијан Шиде три пати ја освои шампионската титула. Последниот клуб што го тренираше Косановиќ исто така е од Кина – Шангај. Кратко ја извршуваше и функцијата директор на Школата за тренери на ФС Србија.