Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2013

„Л’Екип“: Хонда ќе потпише со Милан на четири и пол години

Францускиот дневник„Л’Екип“ ја објави веста дека јапонскиот фудбалер Кеисуке Хонда и дефинитивно договорил сè со Милан.

Сегашниот член на ЦСКА од Москва и со  години еден од најдобрите јапонски фудбалери уште претходно, според многу тврдења, договорил трансфер во Милан, но постојано се поставуваше прашањето во кој момент Хонда навистина ќе отиде на „Сан Сиро“ и на колку долго.
Хонда со ЦСКА има валиден договор до крајот на оваа календарска година, а ако се верува на тврдењата на „Л’Екип“, Хонда на првиот ден од 2014 година би требало да дојде во Милан и притоа да потпише договор на четири и пол години.
Хонда од 2005 до 2007 година играше во Нагоја. Потоа дојде во Европа, каде што го носеше дресот на холандскиот Венло до 2010 година, кога стана големо засилување на клубот од Москва.

Најнови вести