Корисничко име Лозинка Пријави се
11.12.2013

Хонда во Милан од трети јануари

Јапонскиот фудбалер Кеисуке Хонда официјално ќе стане член на Милан на трети јануари следната година.

Како што наведува „Кориере дело спорт“, на крајот на годината на Хонда му истекува договорот со ЦСКА Москва, па во Милан ќе дојде како слободен играч.
Финансиските детали сè уште не се познати, како ни должината на соработката која 27-годишниот Хонда ја договори со „росонерите“.
Јапонецот во претходните четири сезони за ЦСКА одигра 121 натпревар и постигна 28 голови.
Екипата на Милан моментно го зазема деветтото место на табелата на Серија А со 18 бодови, 22 помалку од водечкиот Јувентус.

Најнови вести