Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2014

Хонда официјално во Милан

Јапонскиот фудбалер Кеисуке Хонда денес потпиша тригодишен договор со Милан.

Хонда рече дека потпишувањето на договорот со „росонерите“ е исполнување на сонот од детството.
„Знаев дека еден ден ќе ми се оствари сонот. Кога имав 12 години, во писмена задача на училиште напишав дека еден ден ќе играм во Серија А и ќе го носам дресот со број 10“, изјави Хонда.
Тој во Милан дојде како слободен играч, откако во декември минатата година му истече договорот со ЦСКА од Москва.
Милан моментно се наоѓа на 11-тото место на табелата на Серија А со 22 освоени бодови.

Најнови вести