Корисничко име Лозинка Пријави се
20.1.2014

Стручниот штаб на Сидорф наскоро ќе го засилат Стам и Давидс

Кларенс Сидорф тренерската кариера ја почна победнички, откако неговиот Милан вчера со 1-0 ја победи Верона на „Сан Сиро“.

Тешка беше премиерата за неодамнешниот холандски фудбалер, а натпреварот го одлучи Марио Балотели, кој реализираше пенал во завршната фаза на натпреварот.
Италијанските медиуми, пак, пишуваат дека Сидорф наскоро ќе добие засилување крај себе на тренерската клупа, а засилувањето ќе биде од Холандија.
Сигурно е дека можеби уште во идниот натпревар улогата на помошник ќе ја извршува некогашниот 41-годишен фудбалер Јап Стам, кој го носеше дресот на Милан од 2004 до 2006 година. За Стам, како и за Сидорф, тоа ќе биде прво тренерско искуство во кариерата.
Второ засилување би требало да биде Едгар Давидс, некогашен репрезентативен колега на Сидорф и Стам. Според италијанските медиуми, пред два дена, но не случајно, Давидс го напушти местото тренер-играч на Барнет, англискиот петтолигаш, а сè со намера да тргне кон тренерската клупа на Милан, каде што, исто така, би работел како помошник.

Најнови вести