Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2011

Аталанта почнува во Серија А со минус шест бодови

Новото првенство во Серија А сè уште не е почнато, а новакот Аталанта веќе има шест бода помалку по казната од Италијанската фудбалска федерација заради вмешаноста во нелегално обложување и местење на натпревари.

Покрај минусот од шест бодови, казнет е и капитенот на клубот, Кристијано Дони, со забрана од три и пол години за фудбалски активности поради местењето резултати и обложување. Со оглед на тоа што Дони има 38 години, оваа казна значи крај на неговата кариера и тоа на најлош можен начин.

Поранешниот напаѓач на Лацио, Џузепе Сињори, за кој се бараше доживотна забрана на фудбалски активности, доби забрана на пет години. Голманот на Беневенто, Марко Паолини исто така е казнет со пет години забрана за играње фудбал, а неговиот клуб е казнет со минус девет бодови. На Асколи му се одземени шест, а на Пјаченца четири бода.

Најнови вести