Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2014

Милан без Хонда во недела

Милан е во серија од три победи по ред со која се приближи до местата кои водат во Лигата на Европа, а на следниот натпревар ќе биде без јапонскиот интернационалец Кеисуке Хонда.

Плејмејкерот кој беше стрелец во последната победа на Џенова нема да биде во тимот на Кларенс Сидорф за неделниот натпревар против Катанија на „Сан Сиро“.
Хонда на тренингот во четвртокот го повредил скочниот зглоб, а по прегледите му е препорачана пауза на неопределено време.
Милан во моментов е на 11 позиција во Серија А со 45 бодови, но само пет повеќе има градскиот ривал Интер кој е на петтото место кое води во Лига на Европа.

Најнови вести