Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2014

МЗТ Скопје ја одбрани титулата

Кошаркарите на МЗТ Скопје по трет пат успеаја да ја освојат титулата и да станат шампиони на Македонија.

Во четвртиот натпревар од плејофот, тимот од Аеродром го совлада Работнички со 88:70 и со 3-1 во победи ја одбрани титулата. 
Дуелот беше решен во последните десет минути, кога беше пресудно искуството и квалитетот на кошаркарите на МЗТ Скопје. Работнички успеа да се врати од заостанувањето, но тимот на Рајковиќ немаше сили да биде најдобар и на крајот мораше да му честита на противникот.
Најкорисен играч во финалето беше Дамјан Стојановски, кој беше најзаслужен за победата на својата екипа, а во финалната серија на секој натпревар постигна во просек по 15 поени.
Најефикасен во тимот на МЗТ Скопје беше Чековски со 21 поен, потоа Лучиќ со 16, а Дамјан Стојановски реализираше 13 поени, три скока и четири украдени топки.
Во екипата на Работничко најпрецизни беа Икониќ со 17 и Колмен и Соколов со по 16 поени.

Најнови вести