Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2014

Пирло, засега, ја напушта репрезентацијата

Легендарниот Италијанец Андреа Пирло изјави дека ја завршува репрезентативната кариера, но остави отворена врата за евентуално враќање.

„Засега одлучив да ја напуштам репрезентацијата, но ќе се вратам ако ме повика новиот селектор“, изјави Пирло за „Кориере дело спорт“.
Триесет и петгодишниот Пирло од 2002 година боите на Италија ги бранеше на 112 натпревари и постигна 13 голови.
Пирло е член на Јувентус од 2011 година и за тимот на 99 натпревари постигна 12 погодоци.
Италија го заврши учеството на Мундијалот во Бразил во групната фаза од натпреварувањето, откако беше поразена со 1-0 од Уругвај во последниот натпревар од групата Д.
Ова е второ последователно испаѓање на „аѕурите“ во првата фаза на Мундијалите, по елиминацијата од светскиот шампион во Јужна Африка 2010 година.
Чезаре Прандели, досегашниот селектор на Италија, поднесе оставка по поразот од Уругвај.

Најнови вести