Корисничко име Лозинка Пријави се
08.9.2014

Пирло: Се враќам во репрезентацијата

Андреа Пирло, фудбалерот на Јувентус, изјави дека ќе се врати во репрезентацијата на Италија.

Триесет и петгодишниот Пирло планираше да се повлече од „аѕурите“ по Светското првенство во Бразил, но новиот селектор Антонио Конте, негов поранешен тренер во Јувентус, го убеди да се премисли.
„Разговарав со Конте. Реков дека ќе играм за репрезентацијата“, изјави Пирло, кој досега одигра 99 натпревари за „аѕурите“ и постигна 12 голови.
Конте, кој на местото селектор го замени Чезаре Прандели, на клупата на Италија дебитираше со победата од 2-0 над Холандија во пријателски натпревар.
„Ми се допаѓа како изгледаше тимот. Веќе се гледа дека работи тактичар“, изјави Пирло, кој моментно е повреден.
Репрезентацијата на Италија квалификациите за Европското првенство 2016 година во Франција ги почнува утре со гостување кај Норвешка.

Најнови вести