Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2014

Работнички останува во Првата лига

Арбитражната комисија на Кошаркарската федерација на Македонија на Работнички му ја укина казната која му беше изречена од комесарот за натпревари, па оваа екипа останува да биде дел од кошаркарската елита на нашата земја.

Арбитражната комисија на Кошаркарската федерација на Македонија синоќа конечно ја објави одлуката што ја донесе на седницата одржана во вторникот. Комесарот ја укина одлуката Работнички да се пресели во третата лига, а како ќе биде казнет, тоа ќе се решава во првостепена постапка.
Работнички казната ја заработи поради тоа што кошаркарите одбија да го продолжат натпреварот со МЗТ Скопје откако навивачите од салата „Градски парк“ беа отстранети од трибините поради нереди. Сè уште не е познато дали оваа средба ќе се игра повторно, како што сакаат претставниците на двата клуба, или, пак, победникот ќе се реши службено.

Најнови вести