Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2015

Јунајтед ќе го пушти Флечер без оштета

Манчестер јунајтед одлучил да му излезе во пресрет на својот долгогодишен играч Дарен Флечер и да му дозволи да го напушти „Олд Трафорд“ без оштета.

Искусниот Шкот оваа сезона одигра само пет натпревари, па е сосема извесно дека наскоро ќе ја промени средината.
За Флечер, кој со тоа ќе стане слободен играч, заинтересирани се, меѓу останатите, Вест хем и Вест Бромич албион.
„Од него очекувам наскоро да донесе конечна одлука. Не знам кога ќе се случи тоа“, изјави Сем Алардајс, менаџерот на „чеканите“.
Флечер е член на Јунајтед од својата единаесетта година и со овој клуб освои пет титули во Премиер лигата.
Неговиот сегашен договор истекува  на крајот на сезоната.

Најнови вести