04.2.2015 Андерсон се врати во Бразил, потпиша за Интернасионал
Бразилскиот фудбалер Андерсон го напушти Манчестер јунајтед и како слободен играч се врати во татковината, во родниот град.
Андерсон потпиша четиригодишен договор со Интернасионал, па со тоа кариерата ќе ја продолжи во редовите на најголемиот ривал на клубот во којшто почна – Гремио.
Андерсон во Јунајтед дојде во 2007 година како големо засилување од Порто, но не ги исполни очекувањата, па последниот период од договорот со англискиот клуб го помина на заем во Фиорентина.
Овој 26-годишен фудбалер за врска за Јунајтед одигра 181 натпревар и постигна девет голови, а и осум пати настапи за репрезентацијата на Бразил во периодот кога дојде во Англија.