Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2015

Данило го избра Реал Мадрид

Данило, дефанзивниот играч на Порто, се согласил на крајот на сезоната да направи трансфер во Реал од Мадрид, пренесува „Марка.

Бразилскиот репрезентативец неодамна одбил да ја продолжи соработката со португалскиот гигант и на своите менаџери им наложил да почнат преговори со кралскиот клуб.
За Данило е заинтересирана и Барселона, на трансферот работи и неговиот добар пријател Нејмар, но проблемот е тоа што Каталонците поради казната на УЕФА нови играчи не може да регистрираат до 2016 година.
Бразилецот со Порто има договор до летото наредната година, а слободен е за 50 милиони евра.

Најнови вести